Познати се сите учесници на Светското клупско првенство на ФИФА, кое во новиот формат првпат ќе го играат 32 клуба.
За престижниот трофеј Светски клупски фудбалски шампион ќе се борат европските великани: Манчестер Сити, Челзи, Реал Мадрид, Атлетико Мадрид, Баерн, Борусија Дортмунд, ПСЖ, Интер, Јувентус, Порто, Бенфика, РБ Салцбург.
Викендов најинтересно во Серија А и на СП во ракомет ↓↓↓
Последните места ги пополнија екипите од Азија од каде доаѓаат: Ал Хилал, Урава, Ал Аин и Уласан. Африка ќе ја претставуваат исто така четири екипи и тоа: Ал Ахли, Видад, Еспарансе и Мамелоди.
Од КОНКАКАФ зоната ќе се натпреваруваат: Монтереј, Сител, Леон и Пачука. Јужна Америка доби два претставници повеќе од кои четири се само бразилски (Палмеирас, Фламенго, Флуминенсе и Ботофаго), два се од Аргентина (Ривер и Бока).
Како домаќин и прва екипа во регуларниот дел од сезоната во МЛС лигата ќе учествува и Интер Мајами на Лионел Меси.
Ждрепката за турнирот е закажана за 5 декември