Дома Фудбал Англија Саутемптон почнува да ги троши парите од Ван Дијк

Саутемптон почнува да ги троши парите од Ван Дијк

Скај Спорт јавува дека пристигнува напаѓач на „Сент Мери“. Монако се согласи да го продаде својот 25. годишен напаѓач за 22 милиони евра.

Се работи за Аргентинецот Гвидо Кариљо во 2015. година од Естудијантес стигна во Монако за нешто помалку од 9 милиони евра и потпиша петгодишен договор. Во првата сезона беше релативно стандарден првотимец и одигра 40 натпревари во сите натпреварувања, за потоа, со враќањето на Радамел Фалкао во клубот, падна во втор план и најчесто добиваше шанса од клупата.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Саутемптон е во тешка позиција, се наоѓа во зоната на испаѓање после 24 одиграни натпревари, една од најнеефикасните екипи во лигата, сега и Чарли Остин се здоби со повреда, па купување на напаѓач е неминовна опција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Премиерот на Обединетото Кралство го повика Абрамович да ги ослободи парите од продажбата на Челси, за да бидат донирани на Украина.

Премиерот на Обединетото Кралство, сер Кир Стармер, го предупреди Роман Абрамович дека „вр…