Дома Фудбал Репрезентации Саудгејт го критикуваше Катар, па доби одговор: Нека внимава што зборува

Саудгејт го критикуваше Катар, па доби одговор: Нека внимава што зборува

Селекторот на англиската репрезентација Герет Саудејт го доведе во прашање третманот на работниците – имигранти во Катар и наведе дека е „голема штета“ што некои навивачи на неговата репрезентација нема да можат да патуваат на Мундијалот. Од друга страна стигна одговор од извршниот директор на Светското првенство, Насер Ал Катер.

Откако Катар го доби домаќинството на СП во 2010 година постојано се зборува за кршење на човековите права во оваа арапска земја. Саудгејт изјави дека ќе има состаноци со играчите на кои ќе им зборува за овие и други проблеми.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Моето прашање е дали некој од англиската репрезентација бил во Катар? Дали селекторот Саудгејт некогаш бил во Катар? Дали тој своето мислење го формира и јавно го кажува на основа што нешто некаде прочитал? Ако е така, тогаш тоа е проблем. Некој кој има влијаение како што е селекторот Саудгејт мора да ги избира внимателно своите зборови. Мислам дека треба да дојде тука и да зборува со работниците ако е толку загрижен за нивните права“.

„Постојат изолирани случаи, но гарантирам дека ако дојде тука и разговара со поголем дел од работници би сфатил дека тоа се луѓе кои со таа работа си ги школуваат децата и ги издржуваат своите семејства. Ниту една земја не е соврешна, но луѓето треба да сфатат дека Катар е најбезбедната држава на Блискиот исток и една од најбезбедните во целиот свет. Оние кои мислат дека тука ќе се чувствуваат небезбедно е поради лажните информации кои ги добиваат“, порача директорот на првенството Насер Ал Катер.

Веќе утре од 17:00 часот по средноевропско време е закажан ждребот за групите во Катар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…