Откако вчера 12 европски гиганти официјално објавија дека ќе формираат нова, Суперлига, буквално целиот фудбалски свет се сврте против нив.
Останатите мислат дека ова е проект на богатите клубови за да го зголемат својот профит, па дури им се заканија со исфрлање од националните првенства.
Како до бараж за Светско првенство!? ↓↓↓
Италијанските гиганти Милан, Јувентус и Интер се меѓу основачите на Суперлигата, а останатите клубови се свртеа против нив.
Тренерот на Сасуоло, Де Зерби изјави дека не сака да го изведе тимот утре против Милан, но ќе го игра натпреварот ако биде приморан од раководсвото.
„Мислам дека заминаа предалеку и време да се спротиставиме. Јас не сакам да играм против Милан утре бидејќи е дел од Суперлигата и тоа му го кажав на тимот и на директорот Карневали. Ако раководството ме натера да излеземе на терен, тогаш ќе играме, но разочаран сум“, изјави Де Зебри.