Менаџерот на Челзи, Маурицио Сари уште еднаш потврди дека „сините“ немаат никакви шанси за титулата оваа сезона.
Гвардиола го вклучи и Челзи во борбата за титулата, но Сари не се согласува со оглед на фактот што неговиот тим заостанува 12 бода зад Манчестер Сити и Ливерпул.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Не мислам дека имаме шанси и дека сме во трка за титулата. Ќе се бориме за место во Топ 4, но ништо повеќе од тоа. Се разбира дека можеме да освоиме некој трофеј, но битката за титулата во Премиер лигата е помеѓу Сити и Ливерпул. Во моментов сметам дека Сити е најдобриот тим во Европа“, истакна Сари, а потоа го пофали Игуаин.
„Мислам дека Гонзало е фантастичен фудбалер. Тој постигнува голови каде и да игра. Притоа сметам дека тој е идеален партнер на Еден Азар“, заклучи Италијанецот.
? All the numbers you need ahead of #MCICHE…
— Chelsea FC (@ChelseaFC) February 8, 2019