Италијанскиот стратег Маурицио Сари неодамна беше промовиран за нов тренер на Јувентус.
Пред „старата дама“ Сари ги водеше Наполи и Челзи од каде што пристигна во Торино, а со последниот коментар тој би можел малку да ги налути навивачите на Сари.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Имено, Сари ја спореди историјата на Јувентус, клубот кој сега го води и неговиот поранешен клуб, Челзи.
„Имав голема среќа што го тренирав Челзи, клуб кој стана важен во последните години, но Јувентус е поинаков. Овде постои приказна која е долга 100 години, додека во Челзи успешната приказна започна пред 20-тина години“, изјави Сари.
Италијанецот кого заштитен знак му се цигарите откри дека дневно пушел и по 60 цигари.
„Пушев 60 цигари дневно и тоа малку премногу. Не чуствувам некоја потреба да запалам во тек на натпреварот, но после натпреварот ми е неопходно“, изјави Сари за италијанските медиуми.
Инаку, тој со Јувентус потпиша договор на три години кој ќе го врзува во Торино до летото 2022 година, а неговата главна задача ќе биде на овој клуб да ја донесе титулата во Лигата на шампионите која овој клуб ја чека толку долго.