Дома Фудбал Италија Сари ја објасни замената на Роналдо: Не беше на своето ниво

Сари ја објасни замената на Роналдо: Не беше на своето ниво

Фудбалерите на Јувентус вчера на свој терен го победија Милан со 1:0 во дербито од 12-тото коло во Серија А.

Јувентус повторно не блескаше, но во финишот успеа да дојде до три бода. Херој на „старата дама“ беше Паоло Дибала кој во 77-та минута го постигна единствениот гол на натпреварот.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Дибала во игра влзе во 55-тата минута кога Маурицио Сари ги изненади навивачите. Тој се одлучи од игра да го извади Кристиано Роналдо. Меѓутоа со оглед на тоа дека Дибала го реши дербито тој негов потег се покажа како клучен.

Португалецот по измената само го погледна Сари додека излегуваше и се упати право во соблекувалната. Италијанските медиуми пишуваа и дека го напуштил стадионот уште пред натпреварот да заврши.

Сари после натпреварот секако беше запрашан за оваа ситуација.

„Мораме да му се заблагодариме на Роналдо кој вечерва се жртвуваше во тешка ситуација. Направи се да игра, но кога видов дека не изгледа добро одлучив да го заменам. Природно е играчот да биде незадоволен кога излегува од игра, посебно ако вложил голем напор да биде таму. Во текот на претходниот месец Роналдо имаше проблеми со коленото поради еден удар на тренинзите. Тренираше со висок интезитет, меѓутоа видов дека не може да го даде максумот. Не беше на своето ниво и тоа е тоа“, изјави Сари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Готово: Лампард се договорил со новиот клуб!

Поранешниот фудбалер и денес тренер, Френк Лампард наскоро би требало да биде промовиран н…