Пристигнувањето на новиот тренер Маурицио Сари во Јувентус се чини дека става крај на престојот во клубот на неколку фудбалери.
Први кои ќе ги спакуваат куферите се играчит за врска Сами Кедира и Блас Матуиди, откриваат италијанските медиуми.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Италијанските медиуми пренесуваат дека Сари им порачал на споменатите фудбалери дека не влегуваат во неговите планови и слободно можат да си бараат нови клубови.
Кедира имаше проблем со повредите минатата сезона и одигра само 17 натпревари. Наводно Германецот е спремен спогодбено да го раскине договорот со Јувентус и да се пресели во МЛС лигата.
Матуиди има договор до 2020 година и веќе добил понуди од Катар и Кина, па е спремен да го напушти Јувентус, бидејќи во новата сезона тешко дека ќе добива минутажа кај Сари.
Јувентус веќе ги донесе Арон Рамси и Адриен Рабио, па конкуренцијата во средниот ред е голема.
Khedira, Mandzukic & Matuidi are not in Maurizio Sarri's plans for the next season. [Momblano] pic.twitter.com/xlu0BSqGSb
— Forza Juventus (@ForzaJuve2017) June 30, 2019