Дома Топ вести Сари после поразот од Атлетико: Мораме да се ослободиме од шест играчи

Сари после поразот од Атлетико: Мораме да се ослободиме од шест играчи

Јувентус вчера беше поразен во пријателски натпревар од Атлетико Мадрид со 2:1.

„Старата дама“ не успеа во второто полувреме да ја стигне предноста на шпанскиот клуб, а тренерот Маурицио Сари после натпреварот ја коментираше играта на својот тим и беше искрен.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Прилично сум задоволен со настапот и ми се допадна ставот, посебно во првото полувреме против екипа која беше во подобра физичка форма од нас. Никогаш не треба да примаме гол каков што беше вториот, но тоа е дел од предсезонската работа и тренинзите. Технички добро ја контролиравме топката во првото полувреме, но не го видов тоа во второто полувреме“, изјави Сари, а потоа зборуваше за трансфер пазарот.

„Понекогаш навистина се изненадувам кога ги читам весниците. Секогаш пишувате за одлуките на Сари, одлуките на Партичи…Го погледнавте ли составот на Јувентус? Мораме да се ослободиме од шест играчи за да се вклопиме во составот за Лигата на шампионите, а тоа никаде не го прочитав. Тоа е ситуација која мораме да решиме“, изјави Сари.

Очигледно ќе има промени во финишот од преодниот рок во редовите на Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …