Јувентус вчера беше поразен од Лацио во италијанскиот Суперкуп.
Ова во само две недели беше втор триумф на Лацио над Јувентус. По натпреварот во Ријад, Маурицио Сари го прокоментира поразот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„После серија од осум натпревари на секои три дена може да се случи вакво нешто. Бевме блиску да израмниме, но место да постигнеме гол, примивме. Разочаран сум, но нема да плачам, тоа нема да го реши проблемот. Лацио е во еден магичен период и се оди во нивна полза“, изјави Сари.
Ако Лацио продолжи со одличниот фудбал кој го игра сериозно може да се вмеша во борбата за Скудетото во овој момент заостанува шест бода зад Интер и Јувентус, но има и натпревар помалку.