Дома Фудбал Италија Сари до новинарите: Знам дека така ви е поинтересно ама рано е за такви заклучоци

Сари до новинарите: Знам дека така ви е поинтересно ама рано е за такви заклучоци

Tренерот Јувентус Маурицио Сари смета дека е премногу рано да се истакнат само Јувентус и Интер како единствени кандидати за Скудетото.

После победата над градскиот ривал Торино, Јувентус е прв на табелата со 29 бодови, еден повеќе од Интер и седум повеќе од Рома.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


„Се уште во игра 81 бод, а можеби и Аталанта има нешто да каже. Мислам дека е прерано да се зборува за такво нешто. Ги разбирам новинарите дека им е поинтересно лигата да ја претстават како судар на два тима, но многу е рано да се носат такви констатации“, изјави Сари па даде свој коментар за натпреварот.

„Ова беше тешко дерби со висок интезитет. Таквите натпревари не се погодни за нас, но одигравме добро и среќен сум што победивме. Тренерот мора да биде задоволен кога неговиот тим ќе одигра со карактер, како што беше случај денес“, порача италијанскиот стратег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Адеми го потврди триумфот на Динамо со гол (видео)

Динамо Загреб конечно успеа да забележи победа во хрватското првенство. Вечерва на домашен…