Дома Фудбал Италија Сари: Во Лигата на шампиони Јувентус е помотивиран!

Сари: Во Лигата на шампиони Јувентус е помотивиран!

Тренерот на Јувентус, Маурицио Сари ја коментираше победата над Атлетико во натпревар од групната фаза во Лигата на шампионите.

„Игравме добро. На крајот, малку ни недостигаше сила, но тоа е затоа што се изморивме на последниот натпревар од Серија А. Веројатно, натпреварите во Лигата на шампионите не мотивираат повеќе кога ќе ги споредиме со натпреварите од домашниот шампионат. На европско ниво играме повеќе напаѓачки фудбал. Сепак, во второто полувреме премногу често ја губевме топката“, изјави Сари.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Старата дама“ победи со прекрасниот гол на Пауло Дибала, кого Сари посебно го пофали после мечот.

„Дибала е играч од светска класа. Во моментов се наоѓа во многу добра форма. Дибала е играч кој прави разлика на теренот“, заклучи Сари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

„Скај Спортс“ објави кога ќе си замине Анчелоти од Реал Мадрид

Реал Мадрид загуби од Арсенал на реваншот од четвртфиналето во Лигата на шампионите. Откак…