Доцна вчера вечер Фабрицио Романо објави дека трансферот на Марсело Брозовиќ во Ал Наср е завршена работа, но денес се појави проблем.
Се очекуваше дека има договор помеѓу Интер и Ал Наср, но во последен момент Саудијците ги промениле условите. Требаше тие на „нероаѕурите“ да им исплатат 23 милиони евра и првично немаше никаков проблем, но потоа, откако се договорија со Брозовиќ испратиле понуда од 15 милиони евра фиксно и 13 преку бонуси.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Интер тогаш го стопираше трансферот и засега тоа се последните информации.
Во меѓувреме Брозовиќ објави фотографија од плажа, која малку ги збуни фановите кои очекуваа тој веќе да е медицински прегледи по вчерашната објава.