Дома Фудбал Англија Сане со емотивна порака се прости од Сити (фото)

Сане со емотивна порака се прости од Сити (фото)

Лерој Сане вчера го комплетираше трансферот во Баерн Минхен, а денес испрати емотивна порака до својот поранешен клуб.

Германецот помина четири години на „Етихад“ и реши да се врати во Германија, а Сити од неговата продажба ќе инкасира 50 милиони евра.

„Ви благодарам многу за одличното време и целата поддршка во последните 4 години. Ова беше навистина интензивно и успешно време што сигурно нема да го заборавам. Победивме на многу натпревари, постигнавме тон голови, срушивме неколку рекорди и заедно прославивме 7 трофеи.Благодарност до сите навивачи, до стручниот штаб и до моите соиграчи! Секогаш ќе се сеќавам со голема радост и гордост. Исто така голема благодарност и до мојот тренер кој ме направи подобар играч и има голем удел во мојата награда за млад играч на годината во 2018 година. Научив многу и многу сум горд што бев дел од ова патување“, порача Сане.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

„Нема да дозволам ВАРентино да ја контролира Ла Лига“

Тони Фреиша продолжува со агресивната кампања за прв човек на Барселона. Прво вети 250 мил…