Ѕвездата на Манчестер Сити, Лерој Сане е на чекор од трансфер во Баерн Минхен, пренесува „Билд“.
Баварците веќе подолго време се заинтересирани за Германецот, а сега тргнале во конечна реализација на трансферот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Дека 24-годишниот фудбалер најверојатно ќе стане нов член на Баерн го потврдува и фактот дека тренерот на клубот, Ханс Флик, разговарал со овој играч по телефон.
„Билд“ открива дека Флик цели 30 минути разговарал со Сане, му го претставил плановите, системот на работа и што сакаод него на теренот, а со тоа веројатно го потврди и пристигнувањето на овој фудбалер во Минхен.
Последните информации од Германија се дека Сане веќе постигнал комплетен договор со Баварците и двата клуба започнале преговори околу обештетувањето.
„Билд“ пренесува дека цената на трансферот со вклучени бонуси би требало да изнесува 80 милиони евра.