Eвропското првенство влезе во самата завршница преостануваат уште двата полуфинални натпревари и финалето.
За место во финалето ќе се борат Италија – Шпанија и Данска – Англија. Статистичарите сега забележаа дека само еден клуб има претставник во сите четири клуба.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Станува збор за освојувачот на Лигата на шампионите, Челзи. Цезар Апсиликуета е дел од Шпанија, Кристенсен е столб на одбраната на Данска, Жоржињо и Емерсон ги бранат боите на Италија, а Мејсон Маунт, Бен Чилвел и Рис Џејмс се во репрезентацјата на Англија.
Ќе потсетиме, првото полуфинале помеѓу Италија и Шпанија се игра денес од 21:00 часот, додека второто е утре во истиот термин.