Фудбалерите на Манчестер Јунајтед бурно ја славеа тројната круна и ретко кој не беше пијан, најмногу се истакна Џек Грилиш од кого се појавија безброј видеа на социјалните мрежи.
Грилиш беше во центарот на вниманието, а голманот Едерсон откри дека единствен кој не се напил алкохол на целата прослава бил дефанзивецот Аке.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Сите сакаа да се опуштат по напорната сезона и тоа беше нормално. Работевме напорно во текот на сезоната и таквото славје беше нормално. Сите од тимот славеа, некои го паравеа тоа и во понеделеникот, единствен кој не пиеше беше Натан Аке. Има и други фудбалери кои вообичаено не пијат, но овојпат направија исклучок“.
Дефанзивецот Рубен Дијаш исто така е од оние кои не пијат, меѓутоа сега направил исклучок, па не поминал добро.
„Рубен направи исклучок, но не помина добро. Го фати од две чашки и почна да повраќа, поврати врз ташната на мајката на Грилиш“, откри Едерсон.