Дома Фудбал Англија Само два клуба во историјата на Премиер лигата испуштиле предност каква што има Сити

Само два клуба во историјата на Премиер лигата испуштиле предност каква што има Сити

Maнчестер Сити со вчерашната победа против Евертон дојде до двоциффрена предност после 24 кола во Премиер лигата.

Предноста од 10 бода е навистина голема и тешко е да се верува дека некој клуб може да ги прескокне „граѓаните“ на табелата, посебно ако се знае дека се во фантастична серија од 17 победи во низа.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Во Англија има и традиција која вели дека повеќе од две децении тимот кој во февруари има двоцифрена предност на крајот бил шампион.

Низ целата историја во Премиер лигата има само два случаи кога еден тим пропуштил ваква предност. Њукасл во сезоната 1995/1996 успеал да прокоцка 10 бода предност, а вториот тим е Манчестер Јунајтед во сезоната 1997/1998.

Ќе видиме како оваа сезона Сити ќе заврши, но ќе биде вистинско чудо ако тимот на Гвардиола на крајот не се радува на шампионската титула.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Мбапе не погодува ни од пенал, Реал тоне🎥

Реал Мадрид загуби на гостувањето кај Ливерпул и додатно ја продлабочи кризата, а во Лигат…