Дома Фудбал Останато Самиот себе не се смета за најдобар, Азар го откри својот фаворит за „Златната топка“

Самиот себе не се смета за најдобар, Азар го откри својот фаворит за „Златната топка“

azar

На крајот на оваа година ќе биде доделена „Златната топка“, голем дел од фудбалскиот свет очекува таа да заврши во рацете на Лука Модриќ кој ги освои наградите од ФИФА и УФА за играч на годината.

Французите, посебно репрезентативците сметаат дека добитникот на „Златната топка“ треба да доаѓа од нивните редови затоа што тие се светски шампион. Јавно на таа тема зборува Пол Погба и Антоан Гризман.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Погба смета дека „Златната топка“ треба да ја освои еден од Гризман, Мбапе или Варан.

Сепак, така не мисли Еден Азар, ѕвездата на Чези кој и самиот е помеѓу 30-те кандидати, но никој не му дава преголеми шанси дека оваа година може да стигне до престижното признание.

Азар ниту самиот себе си не се смета за фаворит и за него таа награда треба да заврши во рацете на Модриќ.

„Не мислам дека ќе победам. Според мене Модриќ ја заслужи таа награда“, изјави Азар на конференцијата за медиуми пред натпреварот на Белгија со Швајцарија во Лигата на Нации.

„Тројца или четворица фудбалери се главни фаворити. Сериозен кандидат е и Варан кој освои многу минатата година. Сепак, сега сериозно сметам дека Модриќ ќе ја освои оваа награда. Тоа ќе биде негова голема награда за фантастичната сезона во Лигата на шампионите и финалето на Светското првенство“, смета Белгиецот.

Победникот „Франс Фудбал“ ќе го прогласи на 3-ти декември.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Роналдо не крие: Сакам да сум претседател

Бразилската фудбалска легенда, Роналдо ја потврди желбата да стане претседател на бразилск…