Првата ѕвезда на Ливерпул, Мохамед Салах истакна дека притисокот е дел од битката за титулата и едноставно „црвените“ мораат да го прифатат тоа ако сакаат да ја освојат титулата во Премиер лигата.
Ливерпул во недела му гостува на Манчестер Јунајтед во најголемот дерби на англискиот фудбал, а бодовите им се потребни на двата тима.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Црвените“ се лидери на табелата и имаат шанса за прв пат после 30 години да ја освојат титулата во Премиер лигата, од друга страна „црвените ѓаволи“ се борат за место во Тип 4.
„Сепак, ние сме луѓе и притисокот се чувствува. Јас лично немам голем проблем, бидејќи сакам да победувам на секој меч, но сепак, се бориме за титулата, па притисокот е тука и не може да избегаме од него“, изјави Салах.
„Постои притисок и за Манчестер Сити. Кога се бориш за нешто големо, нормално е да бидеш под постојан притисок. Сега мораме да размислуваме само за овие натпревари кои доаѓаат, бидејќи дури и ако не се бориме за прво место, Јунајтед ќе сака да не победи, а истото е и за Евертон. Сепак, за мене, се е нормално и мора да продолжиме да го правиме она што го правиме во последните 2 месеци“, заклучи Египќанецот.
„Црвените“ се со ист број бодови на првото место на табелата како и Манчестер Сити, но имаат и меч помалку од конкурентите. Слледната недела им претстојат 3 тешки натпревари, од кои две се гостувања против лутите ривали Манчестер Јунајтед и Евертон.
https://youtu.be/oaG-hwiTGbE