Кошаркарите на Сакраменто изминатата вечер обезбедија плеј-оф во НБА лигата и така за првпат по 17 години ќе играат во разигрувањето.
До обезбедување на плеј-офот Сакраменто стигна откако со 40 поенио разлика го декласираше Портланд (120:80). На шест натпревари пред крајот на регуларниот дел Сакраменто има скор од 46 победи и 30 порази и веќе е со обезбедено место во плеј-офот каде што последен пат играше сезоната 2005/2006.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Најзаслужен за ваквиот успех се генералниот меназер Монте Мекнер кој успеа да состави одличен тим во последните години. Тој ги донесе Тајрис Халибартон и Киган Марин, а во размена пристигнаа Домантас Сабонис и Кевин Ертер. Најефикасен во победата против
Битката за плеј-офот ја продолжи и Лејкерс кој со 110:121 беше подобар од Чикаго Булс. Ентони Дејвис беше расположен и запиша дабл-дабл со 38 поени и 10 скока, додека Леброн уфрли 25 поени.
НБА РЕЗУЛТАТИ: Индијана – Милвоки 136:149, Бруклин – Хјустон 123:114, Њујорк – Мајами 101:92, Филаделфија – Далас 116:108, Чикаго – ЛА Лејкерс 110:121, Мемфис – ЛА Клиперс 132:141. Оклахома сити – Детроит 107:106, Сан Антонио – Јута 117:128, Феникс – Минесота 107:100, Портланд – Сакраменто 80:120.