Легендарниот тренер на Милан Ариго Саки со пофални зборови зборуваше за стратегот на Милан, Џенаро Гатузо за кого тврди дека полека, но сигурно го враќа Милан на славните патеки.
„Росонерите“ се враќаат, без оглед на тоа што се уште не поседуваат доволен квалитет за борбата за Скудетото и самиот врв, може да се забележи напредок во нивната игра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
За Ариго Саки најзаслужен за тој напредок е Џенаро Гатузо.
„Рино е феномен, тој ја врати душата на Милан. Го врати достоинството кое беше изгубено, направи играчите да сфатат што значи да се носи црвен-црниот дрес. Рино е некој кој го посвети својот живот на фудбалот, а сега и на своите играчи“, изјави Саки.
На „Сан Сиро“ утре пристигнува моќниот Јувентус, но никој предвреме не смее да го отпише тимот на Џенаро Гатузо.
„Јувентус има огромен потенцијал и играчи кои можат да го одлучат натпреварот во секој момент. Тука не мислам само на Роналдо, туку на Дибала, Квардадо и Манџукиќ. Начинот на кој може да се победи Јувентус е да го задржите далеку од вашиот гол. Тие се опасни и на 70 метри од голот, но таму можете повеќе да ги контролирате. Ако често му се приближуваат на Донарума, Милан ќе има сериозни проблеми“, изјави Саки.
Милан во Серија А врза три победи и се искачи на четвртото место на табелата, а утрешниот натпревар е и вистински тест за Гатузо да види до каде е неговиот тим.