Од таборот на Килијан Мбапе побрзаа да ги демантираат информациите дека Французинот веќе се согласил да се пресели во Реал Мадрид.
Утрово како „бомба“ одекна веста на авторитативниот новинар Фабрис Хокинс од РМЦ Спорт, дека Мбапе постигнал комплетен договор со Реал и на лето ќе се пресели во Мадрид како слободен агент.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутаоа претставниците на францускиот фудбалер веднаш ги демантираа таквите наводи.
„Нема договор за иднината на Килијан. Немаше дискусии за неговата иднина. Ниту еден вид влијание не може да го диктира времето на дискусиите, размислувањата и одлуките на Килијан“, известуваат од таборот на ПСЖ.
„Кралевите“ сакаат што побрзо да се реши трансфер-сагата и нема уште долго да ја чекаат конечната одлука на Французинот.