Светското првенство во Полска и Шведска наредната година ќе биде нова можност за претставување на Македонија и продолжување на континуитетот на настапи на големите натпреварувања.
На овој Мундијал ќе бидеме без Филип Миркуловски и Стојанче Стоилов, против Чешка двете македонски големи ракометни имиња го одиграа својот последен натпревар во репрезентативниот дрес.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Сакам да изразам благодарност до Миркуловски и Стоилов. Тие, заедно со Кирил Лазаров заслужуваат едно величенствено испраќање. Планираме посериозна организација, за на вистински начин да им се заблагодариме, да имаат испраќање пред полна сала како што заслужиле“, изјави претседателот на РФМ, Живко Мукаетов на денешното собрание.
Лазаров засега официјално не потврдил дека се повлекува од кариерата како играч во репрезентацијата, но сепак јасно е дека во наредните натпревари се повеќе ќе го гледаме само на клупата.
Фото: РФМ