Дома Македонски спорт Мак ракомет РФМ: Крај на ракоментата сезона, шампион нема – од следната сезона 16 екипи во Суперлига

РФМ: Крај на ракоментата сезона, шампион нема – од следната сезона 16 екипи во Суперлига

Ракометната федерација на Македонија попладнево до сите клубови испрати предлог во кој се вели дека услови за продолжување на тековната сезона во овој период нема, а тоа би значело крај на сите шампионати. 

Според предлогот  РФМ нема да прогласи шампион додека местата во регионалната СЕХА лигата и европските купови ќе бидат распределени според критериумите на Федерацијата. 

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Значајно е што Суперлигата наредната сезона ќе брои 16 екипи  кои ќе бидат поделени во две групи. Тоа би значело дека нема да има испаѓање плус ќе бидат вклучени четири екипи од Првата лига и екипите кои настапуваат во СЕХА лигата. 

Екипите ќе бидат поделени во две групи од по осум екипи, ќе се игра двокружен бод систем, вкупно 14 кола. Потоа ќе се формираат две групи, плејоф и плејаут. Во плејофот ќе бидат екипите пласирани од првото до четвртото место во двете групи, а останатите ќе играат во плејаутот.

Според овој предлог нови членови на Суперлигата би биле Астрион, Тиквеш, Прилеп и КЛ7. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…