Дома Македонски спорт Мак ракомет РФМ одлучи: Вардар сигурно ќе игра ЛШ, Еурофарм Пелистер ќе чека вајлд карта

РФМ одлучи: Вардар сигурно ќе игра ЛШ, Еурофарм Пелистер ќе чека вајлд карта

Управниот Одбор на ракометната федерација на Македонија на денешниот состанок донесе одлука за екипте кои следната сезона ќе играат во евротурнирите.

Поради начинот на кој заврши сезоната во ракометното првенство, УО на РФМ денеска на онлајн состанок одлучи: Вардар ќе игра во Лигата на шампионите, со загарантиран настап во најелитното ракометно натпреварување.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Македонија има едно загарантирано место во групната фаза од Лигата на Европа и тоа ќе му припадне на Еурофарм Пелистер, кој пак најави дека ќе аплицира за вајлд карта за Лигата на шампиони.

Доколку не добие вајлд-карта за настап во Лигата на шампионите, Еурофам Пелистер ќе има место во групната фаза од Лига Европа.

За директно место во фазата по групи во Лига Европа ќе аплицира и Металург, ако не го добие ќе треба да одигра едно квалификациско коло

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Во РК Вардар пристигна засилување – „Mozzart“ нов спонзор на клубот

Најтрофејниот македонски ракометен клуб Вардар 1961 во актуелната сезона е лидер во машкат…