Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Русија ја тресе скандал пред четвртфиналето: Најдобриот стрелец во проблеми поради – допинг!

Русија ја тресе скандал пред четвртфиналето: Најдобриот стрелец во проблеми поради – допинг!

Денис Черишев се најде во центарот на допинг скандал и тоа поради изјава на неговиот татко.

Најдобриот руски стрелец на овогодинешниот Мундијал, Денис Черишев се најде во центарот на допинг скандал пред четвртфиналниот натпревар против Хрватска. Имено, неговиот татко во разговор за одредени медиуми открил дека неговиот син минатата година се лекувал од повреда со инекции кои содржеле хормони за раст.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Со оглед тоа се смета за прекршување на допинг правилата, ако не добие посебна дозвола, руската антидопинг агенција веднаш отвори истрага.

Поради ваквата ситуација постои страв кај домаќинот на Мундијалот дека Черишев би можел да биде суспендиран.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Еден штрајкува да си замине од Њукасл, друг да дојде во Њукасл

Парадокс во Премиер лигата. Еден фудбалер штрајкува да си замине од Њукасл, друг штрајкува…