Дома Фудбал Репрезентации Русите за баражот: Македонија во полуфинале, па Шкотска во финале – да ја избегнеме Полска!

Русите за баражот: Македонија во полуфинале, па Шкотска во финале – да ја избегнеме Полска!

На 26 ноември (петок) ќе се одржи ждрепката за баражот за Мундијалот во Катар од кој дел ќе биде и Македонија.

Русија е еден од можните противници на Македонија затоа што оваа репрезентација заедно со уште Италија, Португалија, Шведска, Шкотска и Велс е во групата на носители. Во дел од земјите веќе се прават првите анализи за посакуваните противници.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Така рускиот портал „Шампионат“ анализира дека за нив Македонија е најпосакуваниот противник, а потоа посакуваат финале со Шкотска, тоа би било нивното идеално сценарио. Во анализата посочуваат дека Македонија е 74. ФИФА ранг листата и потсетуваат дека со нив сме играле четири пати во кои тие имаат четири победи со гол разлика 7:0. Во текстоит се додаваат нашите резултати од квалификациите и Европското првенство.

Посакуваат во второто полуфинале од за нив можните противници да биде Шкотска – Турција и да слават Шкотите. Од групата на неносители најмалку ја посакуваат Полска.

Нивната цела анализа можете да ја прочитате – тука.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Родриго решил да го напушти Реал Мадрид, Арсенал фаворит за Бразилецот

Родриго одлучи да го напушти Реал Мадрид по крајот на Светското клупско првенство, известу…