Дома Трансфер зона Руни ја добива „десетката“ и станува најплатен во Евертон!

Руни ја добива „десетката“ и станува најплатен во Евертон!

Вејн Руни најверојатно се враќа онаму каде што започна.

Капитенот на Манчестер Јунајтед во наредните денови и официјално ќе стане член на Евертон.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Утрово беше потврден трансферот на Ромелу Лукаку од Евертон во Манчестер Јунајтед, а дел од таа зделка би требало да биде и Вејн Руни.

Добро известениот „Liverpool echo“ тврди дека Вејн Руни постигнал договор со Евертон и ќе потпише договор на две години, а ќе биде и најплатен со плата од 150.000 фунти неделно, што е двојно помалку од она што го заработува во Манчестер. Покрај тоа Руни би требало да ја добие и „десетката“ која до сега му припаѓаше на Лукаку.

Руни како тинејџер одигра две сезони во првиот тим на Евертон и на 77 натпревари постигна 17 погодоци пред Сер Алекс да го доведе на „Олд Трафорд“. За „црвените ѓаволи“ тој одигра 559 натпревари и постигна 253 погодоци и стана најдобриот стрелец во историјата на клубот.

 

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Јувентус ја сака поранешната ѕвезда на Интер

Поранешниот капитен на Интер, Милан Скринар минатото лето се пресели во ПСЖ, а сега сака д…