Дома Трансфер зона Рудигер се сели во редовите на големиот ривал

Рудигер се сели во редовите на големиот ривал

Дефанзивецот на Челзи, Антонио Рудигер би можел да направи сензационален трансфер на лето и да потпише за Манчестер Јунајтед, пренесуваат медиумите на Островот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Договорот на Рудигер со Челзи истекува на лето и клубот потврди дека дефанзивецот ќе го напушти „Стенфорд Бриџ“ како слободен агент.

ПСЖ и Реал Мадрид од поодамна се заинтересирани за Германецот, но сега во трката се вклучи и Манчестер Јунајтед.

Новиот менаџер Тен Хаг во Рудигер гледа идеално засилување, па дури сака да го направи нов капитен на „црвените ѓаволи“.

Јунајтед е спремен да ги задоволи финансиските барања на дефанзивецот и да му даде бонус при потпис на договорот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…