Реал Мадрид го заврши првиот голем трансфер, Антонио Рудигер ги помина лекарските прегледи и ги договори сите детали.
Мадритските медиуми тврдат дека ова е воедно трансферот поради кој Флорентино Перез се откажал од Ерлинг Хлаанд. Иако конкуренцијата на Халанд е Килијан Мбапе, Перез одлучил остатокот од парите да ги вложи во преостанатите линии на тимот, а Рудигер се согласил на значително помала плата од она што го барал во преговорите со Челзи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Рудигер во Челзи ќе пристигне како слободен играч и според најавите ќе заработува девет милиони евра. Договорот кој ќе го потпише Рудигер ќе биде на четири години, а Фабрицио Романо најави дека официјализацијата на трансферот ќе следи после финалето во Лигата на шампионите во кое Реал Мадрид ќе игра против Ливерпул на 28. мај.