Дома Фудбал Англија Рој Кин ги избра идеалните 11 во историјата на Манчестер Јунајтед

Рој Кин ги избра идеалните 11 во историјата на Манчестер Јунајтед

Легендарниот капитен на Манчестер Јунајтед Рој Кин го избра идеалниот тим на овој клуб составен од играчи кои го носеле дресот од формирањето на Премиер лигата. На листата немаше место за некои големи имиња како Пол Сколс, Рио Фердинанд или Ерик Кантона.

„Не ми е драго кога морам да ги вознемирувам своите соиграчи, но морам да изоставам некои фантастични фудбалери“, изјави Кин кој со Јунајтед освои седум титули во Премиер лигата, една во Лигата на шампионите и 17 трофеи вкупно, а беше капитен на тимот од 1997 година до 2005 година.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


На местото голман Кин го избра Петар Шмајхел. За него истакна дека Данецот бил одличен голман, не толку како што сите мислеле, но добар.

„Петар и јас никогаш не бевме најдобро пријатели, всушност бевме далеку од тоа, но кон него имав почит. Пред почетокот на натпреварот бев среќен кога е тој на голот, тимот со него се чувствуваше повеќе сигурно“, истакна Кин.

Стоперските позиции му беа најголем проблем, а објасни зошто во идеалниот тим не се најдоа Рио Фердинанд, Ники Бат и Пол Сколс, а не помисли да се стави и самиот себе. Место во неговиот тим немаше и за Ерик Кантона.

„Ми пречи што морам да го изоставам, тој беше брилијантен играч“, изјави Кин кој напаѓачките позиции ги пополни со Роналдо и Руни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Роналдо не крие: Сакам да сум претседател

Бразилската фудбалска легенда, Роналдо ја потврди желбата да стане претседател на бразилск…