Дома Трансфер зона Ќе застанат ли, Милан купува и од Мурињо?!

Ќе застанат ли, Милан купува и од Мурињо?!

„Росонерите“ немаат намера да застанат, цел е да се создаде шампионски тим.

Новиот фудбалер кој наскоро би требало да пристигне во Милано е Матео Дармиан од Манчестер Јунајтед.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Како што пренесува познатиот новинар Танкреди Палмери, Милан на адреса на Јунајтед испратил понуда од 15 милиони евра колку и што бараат „Црвените ѓаволи“.

Италијанецот не беше стандарден кај Жозе Мурињо и би можел да се врати во Италија.

Дармиан во Јунајтед пристигна летото 2015 година од Торино за 19 милиони евра и од тогаш одигра 68 натпревари за Јунајтед. Да потсетиме Милан веќе ги официјализираше трансферите на Мусакио, Кеси и Рикардо Родригез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…