Дома Фудбал Италија Роналдо ќе го „пречкрта“ Мадрид – продава СЕ во Шпанија

Роналдо ќе го „пречкрта“ Мадрид – продава СЕ во Шпанија

Новата ѕвезда на Јувентус, Кристиано Роналдо има намера да ја продаде луксузната куќа во Мадрид, тврдат португалските медиуми.

Португалскиот весник „El Correiro“ денес излезе со наслов: „Кристиано распродава се во Шпанија“.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Роналдо сака да ја затвори „страната Мадрид“ од својот живот бидејќи е револтиран од даночните власти во Шпанија. Тој располага со имот од 4.000 метри квадратни.

Во 2009 година кога го напушти Манчестер Јунајтед исто така ја продаде куќата во англискиот град за 20 милиони евра, а три години порано ја купи за „само“ 4,5 милиони евра.

Роналдо најверојатно ќе ја стопира и градбата на хотелот кој го гради во шпанската престолнина. Тој исто така располага и со голема гаража во која ги чува своите 22 луксузни автомобили, кои сега ќе ги премести во Торино.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Араухо го запре автомобилот пред навивачите и новинарите, па им откри дали останува во Барселона

Барселона наскоро ќе ги започне подготовките за новата сезона, а некои од фудбалерите веќе…