Дома Останати Тенис Родик откри што би можело предвреме да го пензионира Ѓоковиќ

Родик откри што би можело предвреме да го пензионира Ѓоковиќ

Поранешниот американски тенисер Енди Родик го коментираше изјавата на Новак Ѓоковиќ по завршувањето на Австралија опен.

Новак по поразот во финалето од Карлос Алкарас рече дека не знае дали ќе игра следната година во Мелбурн.

Родик верува дека ни самиот Ѓоковиќ сè уште не знае колку долго ќе игра, бидејќи тоа многу зависи од неговата форма и кондиција.

„Тој знае дека е Новак и дека малите чуда живеат во него. Ако го кажал тоа во Австралија, значи дека не знае што ќе се случи”, рече Родик и додаде:

„Сака да зборува за Олимписките игри во Лос Анџелес 2028, но една сериозна повреда би можела да го пензионира”.

Ѓоковиќ од понеделник повторно е во Топ 3 тенисери на АТП листата, прв пат после година и пол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ на чекор до враќање во Топ 10 на АТП листата

Новак Ѓоковиќ со добри настапи во Пекинг може да се врати во Топ 10 на АТП листата. …