Дома Фудбал Италија Роналдо со оваа порака уште еднаш ја покажа својата големина (видео)

Роналдо со оваа порака уште еднаш ја покажа својата големина (видео)

Кристиано Роналдо уште еднаш ја воодушеви спортската јавност со пораката која ја испрати до едно дете во Уругвај.

Пред неколку дена во Уригвај беше избегната голема несреќа на еден натпревар на кој 8-годишниот Факундо Риуз едвај остана жив. Ова момче се сруши на теренот откако престана да му работи срцето, но за среќа лекарите реагираа експресно и го спасија.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Оваа вест брзо одекна ширум светот, а Кристиано Роналдо лично испрати порака до 8-годишното момче.

„Чао Фернандо, ти испраќам голема прегратка и ти посакувам брзо опоравување. Се ќе биде како што треба и мораш да имаш сила, а кога ќе се опоравиш ќе дојдеш во Торино да гледаш наш натпревар. Важи? Брзо опорависе пријателу“, му порача Роналдо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Карагер: Салах е поголема легенда од Роналдо во Премиер лигата

Поранешниот дефанзивец на Ливерпул, Џејми Карагер предизвика дебата со тврдата дека Мохаме…