Дома Фудбал Останато Роналдо сака да биде најплатен: Ако Реал прифати на него ќе троши – 75 милиони евра годишно!

Роналдо сака да биде најплатен: Ако Реал прифати на него ќе троши – 75 милиони евра годишно!

ronaldo

Португалецот изгледа одлучил да бара нешто кое овој пат Реал многу веројатно нема да му го исполни.

Првата ѕвезда на Реал Мадрид од својот клуб побарал договор на шест години и зголемување на примањата на 42 милиони евра по сезона со што би станал најплатен фудбалер во светот и би добил скоро двојно повеќе од она што го заработува во овој момент.


Нема одмор, по ЛШ не чека супер викенд: Тука е и Фантази! ↓↓↓


За Реал со други зборови тоа значи дека вклучувајќи го и данокот за Роналдо годишно ќе мора да плаќа 75 милиони евра!

Доколку се вистина ваквите најави на шпанскиот медиум јасно е дека Роналдо индиректно најавува заминување, бидејќи ваквиот долгогодишен договор и астрономската плата не се реални Перез во овој момент да ги прифати.

Во некој случај доколку Перез го изненади фудбалскиот свет и ја прифати ваквата понуда Роналдо секако би станал најплатен фудбалер во светот пред Меси кој во Барселона добива 40 милиони евра по сезона.

Актуелниот договор на трикратниот шампион во низа на Европа истекува летото 2021 година, но веднаш после победата во финалето против Ливерпул (3:1) излезе со изјава со која најави заминување од Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Најстариот син на Зинедин Зидан го напушта фудбалот на 29 години?

Најстариот син на славниот Зинедин Зидан, Енцо одлучил да го напушти фудбалот на само 29-г…