Ѕвездата на Јувентус Кристиано Роналдо после два месеци се врати во Италија.
Со прогласувањето на вонредната состојба поради пандемијата од коронавирусот Роналдо беше помеѓу првите кои го напуштија Торино. Португалецот изминатиот период го помина во неговата родна Мадеира.
Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓
Откако Јувентус ги повика играчите да се вратат во Италија, Роналдо доцна вчера вечер слета во Торино. Неговото пристигнување не можеше да им избега на италијанските новинари.
Искусниот фудбалер при напуштањето на торинскиот аеродром беше следен од силно обезбедување. Во Торино со Роналдо се врати и неговото семејство.
⚠️ JUVE, ECCO CR7! ⚽️
— Sportitalia (@tvdellosport) May 4, 2020
Partito da Madeira, Cristiano #Ronaldo è atterrato poco fa a #Torino con il suo jet privato.
➡️ Il campione della #Juventus dovrà sottoporsi ad una quarantena di 14 giorni prima di riprendere gli allenamenti con la squadra il 18 maggio#Sportitalia pic.twitter.com/HO8VEtdiqk