Португалецот Кристиано Роналдо после долгата сезона конечно пронајде време за одмор.
После настапот на Купот на Конфедерациите со селекцијата на Португалија, Роналдо го дочека одморот и сега заедно со своето семејство и пријателите ги полни батериите за новата сезона која наскоро ќе започне.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Роналдо повторно се најде во центарот на вниманието после објавувањето на слика на популарната социјална мрежа, Инстаграм. Имено, Португалецот постави слика со неговиот пријател, а беше мета на критики поради описот за кој многумина сметаат дека е расистички.
„Совршена комбинација. Бела и црна чоколада“, напиша Роналдо.