Кристијано Роналдо синоќа одигра одличен натпревар во првиот настап за Португалија на Мундијалот. Португалија ремизираше со Шпанија, а Роналдо ги постигна сите три гола за својата селекција.
Првиот погодок го постигна од белата точка, вториот со помош на Де Геа, а третиот беше вистинска мајсторија со гол слободен удар.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Ова е производ на работа. Луѓето секогаш верувале во мене и јас секогаш давам се од себе за државниот дрес. Се обидовме да побдиме, но ремито е правилен исход, Шпанците сепак ја контролираа топката.“ – изјави Роналдо по натпреварот, па додаде:
„Екипата даваше се од себе до самиот крај, игравме против еден од фаворитите. Среќен сум што постигнав гол на четврт Мундијал во низа и што соборив уште еден рекорд, но тоа не е важно, важно е што изборивме реми против еден од фаворитите за трофејот. Среќен сум поради резултатот, сега мора да ги победиме останатите два натпревари од групната фаза. Сега сум фокусиран само на натпреварот против Мароко.“
„Мораме да идеме од натпревар во натпревар. Шпанија знае каков тим има, тоа е екипа која игра добар фудбал. Сепак, ние не сме фаворити, но сме европски шампиони и мораме да бидеме меѓу кандидатите за првото место.“ – заврши Роналдо.