Шпанските медиуми откриваат дека Кристиано Роналдо јасно му ставил до знаење на тренерот Зидан дека во стартиот тим ги сака Иско и Асенсио, а не Бејл и Бензема.
Роналдо смета дека Герет Бејл и Карим Бензема не заслужуваат место во првиот тим. Двајцата се надвор од најдобрата форма, имаа проблем со повреди, па поради тоа Португалецот инсистира поголема минутажа да добиваат Иско и Асенсио.
Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
Иско феноменално го замени Бејл на крајот на минатата сезона кога Велшанецот беше повреден, а Асенсио брилјира во последно време.
Вистина е дека Бејл и Бензема не се во добра форма, но маркетиншки се многу посилни од младите „кралеви“. Сепак, се создава впечаток дека Иско и Асенсио набрзо ќе станат дел од „неропирливите“.
Шпанските медиуми тврат дека голема улога во тоа ќе има Ронадо, кој веќе почнал да лобира кај тренерот Зидан.