Кристиано Роналдо вчеравечер одигра фантастичен натпревар и со хет-трик го одведе Јувентус во четвртфиналето од Лигата на шампионите.
Јувентус имаше негатива од 2:0 од првиот натпревар во Мадрид, но со вчерашната магична вечер на Роналдо „старата дама“ го сврти резултатот во своја корист.
Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓
Роналдо првиот гол го постигна во првото полувреме, а натпреварот го реши во 86-тата минута кога го постигна својот втор гол за конечни 3:0.
На паузата помеѓу полувремињата кога фудбалерите излегуваа на теренот можеше да се забележи една интересна ситуација.
Португалецот помина кај неколку фудблаери и ги мотивираше да продолжат да го напаѓаат Атлетико во второто полувреме, a покрај тоа имаше и краток разговор со судиите на натпреварот.
Разбирливо самиот Роналдо беше задоволен од својот настап против „јорганџиите“.
„Тоа мораше да биде посебна ноќ и беше таква. Не само поради головите, туку и поради тимот и нивниот неверојатен став. Ова е менталитетот кој ви е потребен во Лигата на шампионите и ние сме на добар пат. „Токму поради вакви работи ме доведе Јувентус да им помогнам во магичните ноќи како што беше оваа. Атлетико навистина е одличен тим, но ние докажавме дека сме силни и заслужено одиме во следната фаза“, изјави Роналдо после натпреварот.
Јувентус и Роналдо во петок од 12:00 часот на ждрепката ќе го дознаат својот противник за четвртфиналето.