Шпанските медиуми пренесуваат дека Кристиано Роналдо имал неколку средби со претседателот Флорентино Перез и од него побарал клубот да го донесе голманот на Манчестер Јунајтед, Давид де Геа.
Голманот на Јунајтед и шпанската фудбалска репрезентација пред две години потпиша за Реал, но трансферот не беше реализиран бидејќи клубовите договорот го постигнаа неколку минути по истекот на преодниот рок.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Потоа Манчестер Јунајтед се откажа од одлуката да го продава Де Геа, а Реал Мадрид и понатаму е заинтересиран за него, иако Кејлор Навас брани во одлична форма.
Можеби една од причините што Кристиано Роналдо го сака Де Геа за соиграч, покрај исклучителните голмански квалитети, е и тоа што тие имаат ист менаџер, супер-агентот Жорге Мендеш.