Дома Фудбал Италија Роналдо може да го прекине карантинот за три дена

Роналдо може да го прекине карантинот за три дена

Ѕвездата на Јувентус, Кристиано Роналдо се уште е позитивен на Ковид 19, но после три дена ќе може да го прекине карантинот, тврди „Тутоспорт“.

Португалецот прв пат даде позитивен тест на 13-ти октомври и после 18 дена во карантин тој се уште е позитивен на коронавирус.

Весникот се повикува на здравствениот протокол во Италија според кој луѓето без симптоми можат да излезат од карантин после 21 ден, бидејќи не е можно да заразат други луѓе.

Токму таков е случајот со Роналдо. Меѓутоа, дури и кога ќе го напушти карантинот Португалецот нема да може да игра фудбалски натпревар се додека не даде два негативни теста.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Конте: Самите сме виновни што сме во ваква ситуација

Тренерот на Интер, Антонио Конте призна дека тимот сам со своите грешки допуштил да дојде …