Ѕвзедата на Реал Мадрид и португалската репрезентација, Кристиано Роналдо, во минатата година освои две големи натпреварувања.
Со Реал Мадрид ја освои Лигата на шампионите, додека со Португалија го освои Европското првенство и беше јасно дека ќе ги собере сите индивидуални награди.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Тоа и се случи, ја освои четвртата Златна топка, а во негови раце заврши и наградата за најдобар играч „Тhe Best“ која ФИФА минатата година ја доделуваше за прв пат.
Тој е главен кандидат за освојување на овие две награди и оваа година, бидејќи со Реал успеа да ја одбрани титулата во Лигата на шампоните, но и го освои шпанското првенством прв пат уште од времето кога на клупата на Реал Мадрид беше Жозе Мурињо.
Роналдо сепак е свесен дека оваа година ќе има голема конкуренција, а според него оваа година четири играчи ќе се борат за престижните индивидуални награди.
„Секако дека борбата секогаш ќе се води помеѓу нас. Тука сум заедно со Меси, Нејмар, Левандовски и Игуаин. Тој вид на борба ме мотивира секоја година да бидам подобар и подобар. Најдобрите секогаш сакаат да се натпреваруваат со најдобрите, така останувате мотивирани. Никогаш не смеете да го изгубите фокусот, бидејќи другите ќе ве престигнат“, изјави Роналдо.