Шпанските медиуми пренесуваат дека плејмејкерот на Барселона Андре Гомеш може во наредните денови да траснферира во Јувентус.
„Дон Балон“ тврди дека за трансферот настојувал лично Кристиано Роналдо. Портуаглецот ова лето пристигна во Торино и побарал од раководството да го купат неговиот сонардник и пријател.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Роналдо му објаснил на раководството дека Андре Гомеш во таа средина може да ја врати својата најдобра форма, а не е тајна дека Јувентус во минатото покажуваше интерес за Португалецот.
Андре Гомеш не се снајде најдобро на „Камп Ноу“ и е на излезна врата, а Каталонците за неговиот потпис бараат 30 милиони евра. Останува да видиме дали „бјанконерите“ ќе го послушаат советот на Кристиано Роналдо.