Во недела на „Олимпико“ ќе се сретнат Рома и Јувентус во рамките од 19. коло во италијанската Серија А.
Рома пред своите навивачи ќе го дочека стариот ривал и јасно е дека натпреварот ќе биде во центарот на вниманието на Апенините. Јувентус се бори за првата позиција со Интер и за нив секој натпревар важен.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во Јувентус многу се очекува од Роналдо кој 2020 година ја отвори со хет-трик. Роналдо ужива во натпреварите против Рома бидејќи повеќе пати имал причина да слави. Против Рома играше додека беше во Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид и секогаш излегуваше како победник.
Сите сигурно посебно се сеќаваат на натпреварот од 2007 година кога Рома прво го победи Јунајтед 2:1 на свој терен, а потоа во Англија доживеа катастрофа со резултат 7:1.
Роналдо се потсети на тој натпревар и откри дека некои играчи во тој натпревар го молеле да престане да дрибла.
„Кога беше 6:0 бараа од мене застанам и ме молеа да не дриблам никого. Имаше и такви кои ми кажуваа дека ќе ме повредат“, се потсети Роналдо.
Португалецот истакна и дека нема да го менува дресот со ниту еден играч со кој би го менувал дресот.
„Во Рома не игра ниту еден играч со кој би сакал да го разменам дресот“, кратко одговори Роналдо.