Mногу млади фудбалери сонуваат за тоа да ја делат соблекувалната со големите ѕвезди. Меѓу оние кои имаа прилика за такво нешто е Моха Рамос, 19 годишниот голман на Реал Мадрид кој во овој момент е на позајмица во Бирмингам Сити.
Рамос во 2017 и 2018 година имаше прилика да тренира со првиот тим на Реал и во тој период најголем впечаток на него оставил Кристиано Роналдо.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Се сеќавам дека Роналдо два пати ми поклони мобилен телефон. Не го очекував тоа, бев во шок поради таквиот негов гест. Иско и Мајорал беа тука и ми кажаа: Пријателу, кажи нешто. Не знаев како да реагирам, бев дете“.
Во Реал едно време беше трет голман, но желба му е да се врати на „Бернабеу“.
„Моите родители го чуваат шампионскиот медал кој го освоив во Реал. Зошто заминав? Во Реал ви нудат различни можности за да продолжите да се развивате, а една од нив секако е и позајмицата. Имаше неколку опции, но кога се појави шанса да одам во Англија немав дилеми“, раскажа Рамос.