Дома Фудбал Роналдињо не може да го напушти Бразил додека не го плати милионскиот долг

Роналдињо не може да го напушти Бразил додека не го плати милионскиот долг

Легендата на бразилскиот фудбал Роналдињо има огромни проблеми со законот.

За нелегална изградба и уништување на средината бразилските власти покренаа тужба против Роналдињо и неговиот брат за надокнада на штетата од 8.5 милиони долари.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Иако браќата се жалеа на пресудата, Судот ја одбил жалбата и наложил да се исплати комплетниот износ, а додека тоа не се направи нема да можат да ја напуштат земјата.

И на двајца им се одземени пасошите. Судот јасно наложи направената штета веднаш да се надокнади, а тоа го потврди и адвокатот на браќата.

„Жалбата е одбиена. Одлуката ја почитуваме, но не се согласуваме со неа. Ќе поднесеме нова жалба и се надеваме дека ќе имаме јавно судење.“ – изјави адвокатот.

Роналдињо и неговиот брат во 2015. година започнаа изградба на рибници во забранета зона на градот Порто Алегри. Уништиле голем дел од природната, но после поднесената тужба работите се прекинати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Денес во Европа нема многу подобри фудбалери од најдобриот Тоти“

Легендарниот фудбалер на Рома, поранешниот капитен на тимот, Франческо Тоти, истакна дека …