Италијанските медиуми пренесуваат дека Кевин Стротман може да ја напушти Рома во следните денови и да се пресели во Марсеј.
Имено, францускиот клуб испратил понуда „тешка“ 23 милиони евра плус бонуси која Рома наводно ја прифатила.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сега се е во рацете на Стротман кој се уште размислува дали да ја прифати понудата на Марсеј, кој му нуди 4,5 милиони евра по сезона.
Марсеј е во потрага по квалитетен играч за врска, а теренерот Руди Гарсија одлично го познава Стротман и го сака во своите редови.
„Волчицата“ во летниот преоден рок го ангажираше Нзонзи, па поради тоа е спремна да му ја отвори излезната врата на Холанѓанецот.
#Roma: sì all'offerta del #Marsiglia per #Strootman, ma lui non ha ancora deciso https://t.co/7FzsXmd8hU pic.twitter.com/PtGytV4xCH
— calciomercato.com (@cmdotcom) August 26, 2018